Жителите на Пржино побараа мораториум на градби
Жителите на Пржино денеска излегоа на протест поради менувањето на населбата од корен и никнувањето на новите згради кои не ги посакува никој.
Тие на протестот истакнаа дека не сакаат да живеат со уште позагаден воздух и со затскриено сонце попречено од сите згради кои ќе никнат во иднина.
„Зарем ќе дозволиме и на потегот од ЗУР маркетот до Месната заедница да ни кренат уште згради? Наместо парк како што првично беше планирано?“, прашуваат тие.
Инаку тие алудираат и дека се комплетно незадоволни од општината која не презема ништо околу овој проблем со кој се соочуваат жителите на Пржино.
Пред неколку дена, на местото каде се градат четири висококатници, падна потпорен ѕид, што само ги заостри реакциите на жителите на оваа населба. Белат дека многупати предупредувале дека тоа ќе се случи, но никој не ги послушал.