Жичницата времено не работи поради силниот ветер
ЈСП Скопје информира дека жичницата од утринава, времено не е во функција поради силниот ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, информира ЈСП.