Жичницата на Водно нема да работи поради неповолни временски услови


Фото: Б. Грданоски
Жичницата на Водно нема да продолжи со работа поради неповолни временски услови.
 
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека поради дожд и засилен ветер, кој ги надминува дозволените безбедносни граници, жичницата е ставена вон функција.
 
Надлежните служби ја следат состојбата на терен и штом се создадат услови за безбедно функционирање, жичницата ќе продолжи со редовен превоз на патници.
Апелираме до граѓаните за разбирање.