Жичарницата на Водно утре нема да работи до 12 часот
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2019/05/Zicara-na-Vodno-1-bg-na.jpg)
– Времениот прекин на работата на Жичарницата е поради користење на објектот за потребите на вежбата што ќе се одржи во рамки на активностите по повод Денот на полицијата, кон која со логистичка поддршка ќе се вклучи и ЈСП „Скопје“ како субјект кој стопанисува со Жичарницата, се вели во соопштението од ЈСП „Скопје“.
Автобусите што сообраќаат кон Средно Водно ќе возат по вообичаениот возен ред.