Жичарницата до Водно во функција од Нова година


Фото: Б. Грданоски

По две години откако престана со работа жичарницата до врвот на Водно, Градот најавува дека таа ќе профункционира околу Нова година.

– Во моментот се проверуваат техничките можности, потоа следува хортикултурно уредување, затоа што две години била запуштена, а на крај ќе треба да се дезинфицираат кабините – рече новиот директор на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Иван Илиевски на денешниот брифинг на градоначалничката Данела Арсова, на кој присуствуваа дел од новите директори на јавните претпријатија.

Арсова претходно потврди дека жичарницата се подготвува да се пушти во употреба, затоа што повеќе нема причина таа да не функционира, ако се запазуваат протоклолите за заштита од Ковид-19.

Жичарницата беше затворена на почетокот на ковид-кризата, односно 13 март 2020 година, кога беа воведувани карантини како заштита од корона вирус.