Жерновски прашува што ќе прави власта со Груевски ако Орбан изгуби во Унгарија
Андреј Жерновски ги коментираше реакциите на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните промени во СДСМ оценувајќи дека очигледно треба да ги предлиожат лицата што работат за нив, за да тие добијат позитивни оценки. Наедно тој го отвори и прашањето за азилантот Никола груевски, со оглед на очекубвањата дека на 12 април неговиот заштитиник Виктор Орбан може да изгуби на изборите.
„Тоа се стандардни, веќе видени одговори на Мицкоски и на ВМРО. За да доживееме од нив поддршка на новите членови на СДСМ во Централниот одбор, очигледно треба да се случи едно нешто – да ги предложиме оние коишто работат за нив, оние коишто одработуваат за нив, и тие да ни го пратат списокот на членови коишто се подобни за ВМРО, ние да ги предложиме, нели, па потоа да бидат прифатени.Но, тоа нема да се случи, затоа што нам ни е јасна играта – кој стои позади сето ова и новите најави итн.
На крајот на краиштата, нека си го консултира пријателот од Унгарија, од којшто, гледаме, се добиваат јасни насоки. Нека објасни како тоа добивме во Македонија, првпат во историјата, претседател на партија којшто ги елиминира потпретседателите – тоа е класичен режим внатре во партијата, не само во државата.
Нека објасни за кредитите, нека објасни што се случува со таа релација. И на крајот на краиштата, едно многу сериозно прашање – нека каже што ќе се случи со Груевски. Имаме избори во Унгарија, така што ќе се види која е неговата улога и дали, на крајот на краиштата, ќе го доведат, затоа што се обврзани според законот Груевски да се врати дома“, изјави Жерновски на прес конференција.