Жерновски: Мицкоски сам се демантираше за изборите


 

Откако со месеци тврдеше дека нема да има предвремени избори, сега најавува дека изборите ќе бидат „многу скоро“. Ова е уште еден доказ дека зборот на Мицкоски не вреди ништо. Кај Мицкоски се е лага, рече Андреј Жерновски – секретар за меѓународна соработка на СДСМ, на прес-конференција. „Христијан Мицкоски повторно сам се демантираше“, рече тој.

Жерновски изјави дека опозицијата нема да му биде алиби на Христијан Мицкоски ниту пак алиби за распишување избори. 

Според него, вистината е едноставна околу најавата за распишувањето избори. „Пари нема, резултати нема, а лагите на Мицкоски повеќе не поминуваат. После две години власт на Мицкоски Македонија се соочува со сериозни економски проблеми“, рече тој.И наброја што се случувало за време на двете години на оваа влада.

„Граѓаните живеат полошо, животниот стандард е понизок. Во секоја област е полошо. Платите се не го следат растот на цените. Животот станува сè поскап, сиромаштијата е зголемена за 22%. Странските инвестиции бележат драматичен пад од над 60%, а економијата оди надолу.

Земјоделците се оставени сами, субвенциите им се намалени за 40 милиони евра, откупот е намален за 46%, најважната гранка за производство на храна – земјоделието е во целосен хаос.

Младите масовно ја напуштаат државата затоа што не гледаат перспектива.

Поддршката за Владата опаѓа, граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците од нејзините неуспеси, а разочарувањето расте.

Следна причина е најавата за можни избори и во Србија и ова уште едно прекопирано сценарио. Падна Орбан, како што предупредувавме. А по Орбан, следува Вучиќ, па Мицкоски. Тоа е редоследот.

Додека имаше простор за нови задолжувања и трошење на народните пари, Мицкоски уверуваше дека избори нема да има.

Сега, кога рејтингот на Мицковски е во слободен пад поради секојдневни лаги и неиспорачни резултати – мораат што поскоро да распишуваат избори“, рече Андреј Жерновски.