Жена прегазена на тротоар на булеварот „Туристичка“ во Охрид

Возрасно женско лице смртно настрада во сообраќајна несреќа што вчера вечерта околу 22 часот се случи во центарот на Охрид.
Според првичните информации, жената била прегазена на тротоар кога во неа удрило патничко моторно возило „Волксваген Голф“ со охридски регистерски таблички.
Несреќата се случила на кружниот тек на булеварот „Туристичка“ кај поранешниот Мини Маркет, кога возачот на „голфот“ преминал преку кружниот тек, ја пробил заштитната ограда, изгубил контрола и завршил на пешачката зона, притоа удирајќи во две лица. Тешко повредената 44-годишната охриѓанка им подлегната на повредите, додека нејзиниот сопруг после примената медицинска помош со телесни повреди своеволно ја напуштил болницата.
Причините за околностите што довеле до несреќата ќе ги утврди истрагата.
Лишен од слобода возач во Охрид, со возило удрил двајца пешаци, по што еден од нив починал
На 19.06.2025 во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од бул.„Туристичка“ со ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.С.(22) од с.Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаците А.Б.(44) од Охрид и Д.П.(52) од Скопје.
Од здобиените повреди А.Б. починала во Специјалната болница „Св.Еразмо“, а лекар констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил Д.П., додека со телесни повреди се здобиле возачот И.С. и неговиот сопатник К.М.(19), констатирани во болницата „Св.Еразмо“ и во Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител, И.С. бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 300 став 2 од Кривичниот законик.