Жена и маж од Неготино меѓусебно се пријавиле во полиција за физички напад
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2021/03/semejno-nasilstvo-ilustracija.jpg)
Жена и маж од Неготино меѓусебно се пријавиле во полиција за физички напад, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Синоќа во 21.50 часот, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода 44 – годишен жител на градот, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. Исто така, утрово во 00.45 часот и 44 – годишникот пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата сопруга, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.