Жена го украла златото од куќата и станот што ги чистела во Желино и во Тетово


Илустрација

СВР Тетово расчисти две кражби на златен накит расчисти извршени во април годинава во Тетово и тетовско Желино.

Имено,  поради основи на сомнение дека ги извршила кривичните дела до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 55-годишната Х.А. од тетовска Палатица.

Х.А. се сомничи дека во куќа во Желино и стан во Тетово, каде била работно ангажирана, од нивните сопственици противправно одзела златен накит, кој го продала во златарница во Тетово за сума од 760 евра. Накитот е пронајден и вратен им е на сопствениците.