Зголемени трошоците на животот и цените на мало

Трошоците на животот во декември 2020 година се зголемени за 0,4 отсто, а цените на мало за еден отсто, во споредба со претходниот месец.
Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во 2020 година, во однос на 2019 година, бележат пораст од 1,2 отсто, а цените на мало од 0,4 отсто.
Во декември 2020 година, вo споредба со декември 2019 година, има пораст на трошоците на животот од 2,3 отсто, а кај цените на мало од 1,7 отсто.
Пораст на трошоците на живот во 2020 е забележан во групите: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5.3 отсто, Разновидни стоки и услуги за 2,6 отсто, Храна и безалкохолни пијалаци за 2,4 отсо, Ресторани и хотели за 2,2 отсро, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 2.0 отсто, Здравје и Рекреација и култура за 0,9 отсто, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,4 отсто и Образование за 0,3 отсто. Намалување, пак, има во групите: Транспорт за 6 отсо, Облека и обувки за 1,3 отсто и Комуникации за 0,1 отсто.
Податоците на ДЗС покажуваат дека кај цените на мало е регистриран пораст во групите: Индустриско прехранбени производи за 2,9 отсто, Земјоделски производи за 1,1 отсто, Пијалаци за 0,4 отсто и Услуги за 0,1 отсто, а намалување во групата Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 0,2 отсто.