Згасна проектот за првиот соларен автомобил


Еден месец по информацијата за стечај и последниот повик за помош, компанијата престанува со работа.

Судејќи по епилогот, минатомесечната најава за соработка со производителот NedCar не вроди со плод, а не вроди со плод ниту буквалниот повик за помош испратен до фановите на брендот претходно. Околу 45.000 резервации не беа доволни за да се обезбедат средства за развој и плати на речиси 600 работници, а проектот на крајот пропадна.

Штета, бидејќи на хартија изгледаше одлично. Со својот соларен автомобил, германската компанија Sono Motors отвори можност за драстично зголемување на опсегот, а истовремено одржувајќи релативно ниска цена. Беа произведени првите неколку примероци, а започна развој на друг модел со супериорна аеродинамика.

Sion стана минато, но идејата сè уште живее. Компанијата ќе продолжи да нуди готови решенија со соларни модули и нивна примена на возила. Во исто време, на берза одат околу 300 работници, а сите оние кои платиле средства и резервирале автомобил ќе добиваат пари на рати во следните две години, но зголемени за бонус, се наведува во соопштението.