Земјотрес од 6,6 степени кај Кипар

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер регистриран е рано утрово во Средоземното Море кај западниот брег на Кипар, соопшти Американскиот сеизмолошки институт.
Потресот се случил на длабочина од 19,6 км, 48 км од градот Полис, пренесе Франс прес. Според прелиминарната оценка, веројатноста овој потрес да предизвикал штети или жртви е мала.
ЕМСЦ јави дека земјотрсот бил со јачина од 6,5 степени.
Кипар се наоѓа на подрачје од интензивна сеизмичка активност, граничи со линијата каде евроазиската тектонска плоча се среќава со африканската плоча.
Во земјотрсот од 9 октомври 1996 година, кој беше со магнитуда од 6,8 степени, загинаа двајца, а оштетени биле повеќе десетици згради во крајбрежните градови Пафос и Лимасол.
Во земјотресот од 10 август 1953 година со јачина од 6,3 степени загинаа 40 луше, а стотици домови беа уништени.