Земјотрес од 7,3 степени околу Тонга


Земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Тонга во 11:48 часот и издадено е предупредување за цунами.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 60 километри и 183 километри оддалечен од Нејафу, Тонга.

Жителите на Тонга на веб-страницата ЕМСЦ наведуваат дека почувствувале силен земјотрес кој траел долго време.