Земјотрес од 4,6 степени во Атина


Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска на 30 јануари 2025 година во 16:55 часот во Грција.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во близина на Атина.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 9 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.