Зеленски од Давос ја повика Европа да се потврди како „силен глобален играч“
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска ја повика Европа да се етаблира како „силен глобален играч“ во својот говор на годишниот состанок на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос, пренесуваат британските медиуми.
Европа мора да може да гарантира мир и безбедност за себе и за другите, рече украинскиот претседател.
-Иако севкупниот економски потенцијал на Русија е помал од европскиот, таа произведува неколку пати повеќе муниција и воена опрема од сите европски земји заедно, рече Зеленски пред присутните на форумот во швајцарскиот скијачки центар.
As the world stands at a turning point, “Europe must establish itself as a strong, indispensable global player” says @ZelenskyyUa, President of Ukraine during his Special Address at #WEF25. @APUkraine pic.twitter.com/Cb1X6ugQWM
— World Economic Forum (@wef) January 21, 2025