Зелената комета се приближува кон Земјата. Ако ja пропуштите сега, никогаш нема да ja видите
Научниците соопштија дека кометата ќе биде најблиску до Земјата на 2 февруари, кога ќе биде оддалечена 42 милиони километри од нашата планета
Светло зелена комета ќе прелета покрај Земјата за прв пат по 50.000 години и би можела да остане во близина на нашата планета околу еден месец. Претставниците на НАСА изјавија дека ледениот посетител првпат бил забележан во март 2022 година додека бил во орбитата на Јупитер. Жителите на северната хемисфера од вчера можат да го забележат со двоглед како мал зелен сјај.
Научниците соопштија дека кометата ќе биде најблиску до Земјата на 2 февруари, кога ќе биде оддалечена 42 милиони километри од нашата планета.
„Кометите се прилично непредвидливи, но ако оваа продолжи со сегашниот тренд на осветленост, ќе биде лесно да се забележи. Може да стане видлива со голо око на темно небо“, објави НАСА на својот блог претходно овој месец.
Зелената комета е всушност ледено небесно тело, кое го има официјалното име C/2022 E3 (ZTF). Пензионираниот учител во средно училиште и астрофотограф Ден Бартлет ја фотографирал кометата од неговата кабина во близина на националниот парк Јосемит во Калифорнија и го нарекол гледањето во небото „искуство кое влева стравопочит“, пренесува Би-Би-Си.
„Ви велам, двоглед, темно место, ќе видите нешто. Донесете ги пријателите и сите ќе видите нешто за целиот живот“, вели Бартлет. Тој има два „прилично импресивни двогледи“ на својот трем во Јуни Лејк, а ведрите ноќи и темното небо му дозволуваат да прави импресивни фотографии.
https://t.co/xpzhrb6f3M @Unistellar
This February, a newly-discovered comet, called C/2022 E3 ZTF, will pass by Earth from the outer reaches of the solar system. Citizen astronomers have a special opportunity to help astronomers gather that data by observing Comet E3. pic.twitter.com/1Nm04tlAkM— The SETI Institute (@SETIInstitute) January 11, 2023
На зелената комета и се потребни околу 50.000 години за да орбитира околу Сонцето.
„Секогаш кога имате езерски или океански систем околу вас, тоа предизвикува непречено проток на воздух. Непречениот проток на воздух значи дека ѕвездите не трепкаат, па можете да добиете повеќе детали“, објасни тој.
Набљудувачите на северната хемисфера без телескоп ќе ја видат кометата како „бледа, зеленикава дамка на небото“, додека оние со телескоп можат да ја видат опашката на кометата, соопшти Планетарното друштво.
Светло зелен сјај ќе биде видлив за набљудувачите на северната хемисфера на утринското небо додека кометата се движи кон северозапад во текот на јануари. Жителите кои живеат јужно од екваторот ќе можат да ја видат во февруари, соопшти НАСА. Тие не очекуваат повторување на „спектаклот“ во 2020 година предизвикан од кометата NEOWISE, која беше најсветлата комета видлива од северната хемисфера од 1997 година.
Тие истакнуваат дека ова е сепак „одлична можност лично да се поврзете со леден посетител од далечниот надворешен Сончев систем“, соопшти НАСА. На кометата и се потребни околу 50.000 години за да орбитира околу Сонцето, така што ова е „прилика еднаш во животот“.