Зелен хуман град тврди дека процентите за независните сепак ќе се менуваат
Граѓанската инмицијатива Зелен хуман град ја оценува како незапамтен удар на демократијата информацијата, како што тврдат, дека Изборниот законик ќе се менува штом пратениците се вратат од одмор на 17 август – со цел да се покачи прагот за потребни потписи среде почнат процес за собирање потписи.
-Ќе се зголеми прагот во сите општини каде што има најавено независни листи. Менување на правилата на игра среде почнат процес за собирање потписи е досега невидено и е вовед во диктатура на партизмот која не смееме да ја дозволиме.
Уште еднаш го повикуваме претседателот Пендаровски да не потпишува измени на Изборен законик кои прилегаат на режимски земји. „Компромисот“ од 1% праг за учество на независните листи на локалните избори е незапаметен удар врз демократијата преку кој директно се загрозува уставното право на претставеност на граѓаните во локалната самоуправа, порачуваат од Зелен хуман град.