Заврши театарот, Мицкоски и Данела денес ќе имаат заедничка средба


Од среќните и заеднички времиња на Христијан Мицкоски и Данела Арсовска

Денес попладне премиерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Ова на некој начин најавува крај на судирот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, ако воопшто и беше судир, и крај на театарот со функционирањето на јавните претпријатија во градот. Откако имаа средба другите градоначалници на Скопје и практично само три-четири дена откако Мицкоски најави дека е подготвен за соработка во интерес на граѓаните, кои пак не беа битни додека ВМРО-ДПМНЕ не беше на власт, градоначалничката прифатила средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Досега таа ги блокираше броевите на сите градоначалници, се криеше од поранешната министерка за култура  од СДСМ кога и нудеше помош за Универзална сала, не правеше никаков обид да ги обнови односите со ВМРО-ДПМНЕ за да нема хаос во Скопје, а од некоја причина преку ноќ прифати да ги нормализира односите со Мицкоски откако стана премиер.  Или не биле скарани толку колку што сакаа да изгледа, или и се закануваат со нешто, или и понудиле подобра позиција од таа што ја има сега. 

На средбата што се најавува денес за попладне ќе присуствува и министерот за локална самоуправа Златко Перински  кој, според најавата, ќе биде единствениот што ќе даде изјава потоа.