Заврши јубилејниот педесетти „Мајски цвет“, се твореше за македонскиот јазик и неговата кодификација


Заврши 50. јубилејно издание на Детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“,  чиј традиционален организатор е кочанската Библиотека „Искра“ заедно со Литературниот клуб „Копнеж“.

Учествуваа триесетина ученици до деветто одделение од училишта во градови од источниот дел на Македонија, членови на литературни клубови во библиотеки, домови и центри за културата. Најуспешните пред публиката ги прочитаа своите песни.

Поезијата на учениците годинава беше мотивирана од друг јубилеј – навршување 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.

– Творбите на учесниците се напишани за македонскиот јазик и навистина се сретнавме со прекрасни песни од најмладите. Како институција тоа и ни беше целта, да се пишува за македонскиот јазик и за неговата кодификација, рече на затворањето на фестивалот, Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, директор на Библиотеката „Искра“ од Кочани.

Дел од овој детскиот поетски фестивал беше и ликовната работилница за декоративно цртање на Училиштето за цртање и сликање, кое е дел од ЦК „Бели мугри“. 

Детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“ е подржан од Министерството за култура и туризам како проект од национален интерс.