Затворено нелегално градилиште во Визбегово
Надлежните најавија бескомпромисна битка со урбаното дивеење, потврдувајќи дека веќе е започната постапка за уривање на објектот, а инвеститорот ќе се соочи со сериозни правни последици. Градежниот инспектор денеска излезе на терен и по извршениот увид, констатираше дека станува збор за дива градба.
Градилиштето е веднаш затворено со лента, а градежните работи се стопирани. Ова е само првиот чекор од постапката која, според најавите, ќе заврши со враќање на локацијата во првобитната состојба.
Случајот е особено тежок бидејќи не станува збор само за градба без дозвола, туку и за навлегување во имот на државата. Од Инспекторатот информираат дека покрај управната постапка за отстранување (уривање) на спорниот објект, ќе бидат активирани и механизмите за кривичен прогон.
Против сторителот ќе бидат поднесени соодветни пријави по два основа: Беправно градење: Поради непоседување одобрение за градба. Узурпација на недвижности: Поради незаконско заземање на државно земјиште.
Акцијата во Визбегово испраќа јасна порака дека локалната власт нема да толерира прекршување на градежните прописи.
„Никој не смее да биде над законите,“ децидни се од Инспекторатот.
Ваквите координирани акции имаат за цел да го спречат урбанистичкиот хаос и да го заштитат државниот имот од самоволие на поединци, осигурувајќи дека правилата важат подеднакво за сите граѓани.