Затвореници биле на платен список во „Комунална хигиена“
Ѓорѓиевски рече дека истрагата може да води и до повисоки институции, како што е Град Скопје, и дека за тоа ќе остави Финансиската полиција да си ја заврши работата.
Вчера државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски го повика градоначалникот доколку има такви докази да поднесе кривична пријава во МВР или да ги донесе тие документи во Јавното обвинителство. Ѓорѓиевски рече дека тоа ќе го стори.
„Ќе го направам тоа. Јас немам намера никого да го штитам вклучувајќи се и себе си . Секој што направил одредени прекршувања, за тоа треба да одговара. И тука треба законот да биде јасен за сите, но и постапувањето треба да биде подеднакво за сите“, вели Орце Ѓорѓиевски.
Поранешната градоначалничка Арсовска вчера на обвинувањата на Ѓорѓиевски рече дека лаже и го повика да ги објави со име и презиме сите 500 вработени за кои тврди дека не оделе на работа. Ѓорѓиевски за ова рече дека немал проблем да ги објави, а за повикот на Данела да се соочат на тв дуел за овие проблеми, тој рече дека таа треба да комуницира со други институции а не со него.