Затворена за сообраќај левата коловозна лента на патот Скопје – Велес


Левата коловозна лента од на автопатот А1 од Скопје кон Велес, на делот помеѓу Башино село и Штипска клучка од 10:00 до 13:00 часот ќе биде затворена за сообраќај.

Како што информира АМСМ, затворањето на лентата е поради изведување градежни активности на овој патен правец. На самото место ќе биде поставена соодветна сигнализација за работа на патот.