Затворена врата за претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во Регулаторната комисија
ВМРО-ДПМНЕ по вторпат неделава протестирaшe против поскапувањето на цената на струјата. Од опозициската партија денеска ја блокираа крстосницата и пристапните улици пред седиштето на Регулаторната комисија во центарот на Скопје.
Дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ влегоа во зградата каде се наоѓа Регулаторната комисија за енергетика, но набрзо излегоа со образложение дека никој не ги примил.
Меѓу оние кои бараа средба со регулаторите не беше лидерот Христијан Мицкоски, туку потпретседателите на партијата Владо Мисајловски и Александар Николовски и генералниот секретар Игор Јанушев.