Затворањето на нуклеарките не ѝ наштети на Германија, тврди експерт


 

Германскиот енергетски систем нема проблеми по затворањето на последните три нуклеарни централи во средината на април, тврди еден експерт.

Снабдувањето со енергија по напуштањето на нуклеарната централа оди многу добро, изјави Клаудија Каемпферт од германскиот институт за економски истражувања.

„Преостанатите три нуклеарни реактори произведоа нешто помалку од шест отсто од електричната енергија“ во Германија, изјави Каемферт за весникот Augsburger Allgemeine во понеделникот.

Енергијата од нуклеарните централи беше лесно да се замени: „Во Германија производството на електрична енергија од обновливи извори значително се зголеми“, објасни Каемферт.

Поевтини и струјата, потенцира таа, и тоа токму во времето на исклучување на нуклеарните централи. Во мај просечната цена на струјата на берзата беше 82 евра за мегават час дневно, што претходно беше последен пат во јули 2021 година.