Заталкан куршум погоди жена во глава – пукањето во воздух е традиција во Либан

Поради пукање во текот на прославата за Нова година почина една Сиријка која живеела како бегалка во источен Либан.
Во одвоен инцидент погоден е авион паркиран на аеродромот во Бејрут, јави декеска официјалната либанска агенција.
Сиријката починала рано утрово откако куршум ја погодил во главата во бегалескиот камп „Балбек“, пренесе АП.
Авионот на компанијата „МИдл ист ерлајнс“ погоден е на аеродромот во Бејрут кога луѓето од блиската населба пукале при прославата на Нова година.
Авионот подоцна полетал според распоредот, откако инжињери утврдиле дека е безбеден.
Пукањето во воздух за време на прослави е традиција во Либан.
Се пука на свадби, погреби, кога политички лидери држат говор…