Застој во сообраќајот утрово кај Влае: Се судрија три возила

Судир меѓу три возила предизвика застој во сообраќајот утрово кај Влае.
Според очевидци, сообраќајната несреќа се случила на улицата „Ацо Шопов“, на потегот од кружниот тек кај Порта Влае кон кружниот тек пред Визбегово.
Засега нема информации за повредени лица. Официјални детали од полицијата се очекуваат во текот на денот.