Заразен со корона вирус почина за време на авионски лет


Посадата на еден патнички авион, кој летал од Истанбул, Турција до Хамбург, Германија, при слетувањето открила дека починал еден патник, за кој се покажало дека е заразен со корона вирус.

откако сите патници на авионот го напуштиле леталото по слетувањето на аеродромот во Хамбург, еден патник останал на своето место, според пишувањето на „Велт“, а тогаш бил забележан од посадата.

Тој бил починат, а тестовите покажале дека е позитивен на Ковид-19.