Запленети стари монети вредни околу 2,35 милиони денари пронајдени во багаж на македонски државјанин
Стари монети со проценета нумизматичка вредност од 2.359.000 денари се пронајдени во багаж на македонски државјанин кој преку Меѓународниот аеродром – Скопје требал да патува во САД.
Како што соопшти Царинската управа, монетите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка во надлежното јавно обвинителство.
-На 22.07.2023 година, околу 17 часот, на Меѓународниот аеродром во Скопје, на излез од државата, царинските службеници селектирале за контрола багаж на патник – македонски државјанин кој патувал за САД. Во багажот на патникот се забележани сомнителни предмети и при извршениот детален преглед, помеѓу личните работи на патникот пронајдени се стари монети со различно потекло и старост, со проценета нумизматичка вредност од 2.359.000 денари, наведува Управата.