Захариева му ја честиташе новата функција на Османи


Потребно е интензивирање на политичкиот дијалог на повеќе нивоа меѓу Македонија и Бугарија во претстојниот период, се согласиле во денешниот телефонски разговор министрите за надворешни работи на двете земји Бујар Османи и Екатерина Захариева.

Захариева, како што соопшти МНР, му упати честитки на Османи за изборот за шеф на дипломатијата и му посака успех во вршењето на должноста.

Министерот Османи ја потенцираше важноста која Северна Македонија ја придава на продлабочување на пријателските односи со соседна Бугарија, од заемен интерес за граѓаните на двете земји, за регионалната динамика на добрососедски односи и евроинтегративните процеси, се наведува во соопштението од МНР.