Захариева го посоветува Петков: Намалете го малку ентузијазмот


Во последните неколку години, само за Коридорот 8 меѓу Бугарија и РС Македонија се потпишани три меморандуми, потсети поранешната бугарска министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, објави БГНЕС.

Захариева нагласи дека се потпишани најмалку 20 меморандуми, но повеќето од нив останале на хартија и не се реализирани од страна на Скопје.

– Намалете го малку ентузијазмот, ќе ја кренете рампата многу високо и потоа ќе треба да се објаснувате, рече Захариева и додаде: „Ова е пријателски совет, а не непријателски“.

За документите потпишани со РС Македонија, Захариева нагласи: „Да видиме што ќе следи од нив“.