Загина моторџија на автопатот Скопје – Велес


Во неделата, во 16.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на село Катланово, скопско, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.П.(25) од Скопје, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата на местото на настанот починал мотоциклистот.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.