Загина 25-годишник во сообраќајка кај Виница


Илустрација

Момче на возраст од 25 години загина во сообраќајка во близина на Виница. 

На 27.08.2022 во 02:15 часот било пријавено дека на регионален пат во близина на „Оранжерии“-Виница  патничко моторно возило “Фиат пунто“ со винички регистарски ознаки, управувано Д.С.(25) од Виница, излетало од патот, соопшти полицијата. 

Во несреќата на местото на настанот починал возачот, а со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.К.(20) од Виница, констатирани во Клиничката болница во Штип. 

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Виница.