Заев: Во новата Влада нема проблеми или предизвици од етнички карактер


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека во новата Влада нема проблеми или предизвици од етнички карактер. Апелираше да продолжи еднаквоста на застапеноста на сите заради тоа што, како што рече, само така ќе бидеме еднакви граѓани во едно општество во кое живееме.

По средбата со претставници на четирите стопански комори, Заев најави дека Владата во распределбата на своите капитални инвестиции, во новите инвестици, домашни или странски, ако има одредени региони во државата треба дополнително да ги мотивира инвестициите, со свои алатки и мерки да отворат таму фабрики и сл. Заев се согласи со претседателитете на коморите, дека има работници и неработници, добри работници и помалку добри работници и смета дека така треба да се движиме.

-Верувам дека ќе успееме на тој начин да решиме веројатно еден од најголемите проблеми, како предизвик што излегува пред нашето стопанство, а тоа е недостатокот на квалификувана работна сила. Токму преку образованието, преку Агенцијата за вработување, МТСП и развојот на мерките верувам дека ќе определиме доквалификација, дообука и сл. и преку дуалното образование, преку она што значи модерно образование согласно потребите на пазарот на трудот, се повеќе и повеќе ќе излегуваме во пресрет на отстранување на оваа проблематика со недоволно квалификувана работна сила, рече Заев.

Заев посочи дека претстои период на рационализација на администарцијата и додаде дека имаат соработка со стопанските комори со конечна цел голем дел ресурси да одат во капитални инвестиции, со тоа да ја поддржиме економијата, а еден дел од администрацијата да биде преземена. Секако, доколку е способна и се согласи да работи во приватниот сектор. Заев рече дека се подготвени длабински да разговраат со компаниите и со коморите за овие прашања, да испорачаат серизони пакети за реализација на ваквите намери.

Одговарајќи на новинарско прашање претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа рече дека како стопански комори своите барања веќе ги имаат во своите платформи.

– Нашите барања веќе се разработуваат и се прилагодуваат во новата фаза со новата Влада. Таа соработка ќе продолжи. Ребалансот е многу битен, да има приоритет, значи капитални инвестици кои ќе овозможат и економски раст во иднина, рече Хоџа.

Прашан дали за нив е прифатлива етничката застапеност во приватниот сектор, Хоџа рече дека оваа Влада и сите влади треба да бидат насочени во професионални и ефикасни кадри кои ќе придонесат во економскиот раст.

– Нормално, етникумите треба да се запазат. Но, кога е во прашање економскиот раст и просперитет, треба да бидат луѓе кои ќе бидат експерти од тие области за да можеме сите заеднички да се движиме напред, рече Хоџа.