Заев и Мицкоски повикаа на масовна вакцинација
Премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во ТВ дуелот на Канал 5 повикаа на масовна вакцинација на населението.
– Сега има доволно вакцини и треба сите да поттикнеме масовна вакцинација секако кај граѓаните коишто сакаат тоа да го направат и секако колективното здравје да го заштитиме – тоа е одговорна политика. Дајте да бидеме поодговорни, барем ние политичарите за да поттикнеме поголема одговорност, заради тоа што тоа е единствениот пат да ја совладаме оваа проклетија од пандемија која за жал однесе многу човечки животи и само на тој начин да се вратиме во нормалното, нагласи Заев.
Според него, Владата и надлежните прават се што можат со тие капацитети што постојат во државата да ја менаџираат ковид кризата. Благодарение на лекарите и целиот здравествен систем, рече Заев, спасивме илјадници животи.
– Тоа што го правиме ние го прави цел свет, истото го правиме. Се консултираме со сите, кои се нови методи, најнови терапии секојпат се обезбедиле, не се штеделе средства, обвинувања за провизии се надвор од секој памјет, набавивме евтини вакцини, ги преземавме сите можни чекори час поскоро да се најдат вакцини, здравествените работници да ги заштитиме…, рече Заев додавајќи дека причината за најголем дел од починатите е дека имале по најмалку две хронични болести.
Премиерот истакна дека секојпат ги слушале експертите во однос на мерките. Додаде дека летово ги попуштиле мерките (конкретно за свадбите), бидејќи бројот на новодијагностицирани бил многу мал. Истакна дека поддржува мерки кои ќе поттикнат поголема вакцинација кај населението.
Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, ние сме на дното на справувањето со кризата, а на врвот со луѓе кои го загубија животот. Посочи дека Владата ги прифаќала мерките кои тие ги предложиле, но со задоцнување.
– Кога велевме и нудевме мерки, истите тие мерки ги прифаќаа со задоцнување кога животот кога ќе го изгубеа десетици граѓани, рече Мицкоски, додавајќи дека предупредиле дека ќе дојде до делта варијанта на вирусот во земјава и дека ќе има нов бран.
За жал, во тој момент, како што рече, немаше слух од надлежните. Нагласи оти е шокиран од тоа што вината се префрла на граѓаните.
– Во регионот каде луѓето имаат сличен менталитет вие да водите со два, три пати поголема смртност, што е поразилчичен менталитетот на луѓето во Македонија до луѓето во Албанија, Сбрија, Босна и Херцеговина…, вели Мицкоски.
Ги повика сите кои сакаат да се имунзиираат по пат на вакцинација, а сите останати, како што рече, имаат свое право на своето тели и својот живот. Рече дека втората доза на вакцина треба да ја прими во среда.
Претходно Заев го осуди барањето и постојаното инсистирање на опозицијата за оставка на Венко Филипче, нагласувајќи дека е мотивирано единствено од желба за власт и собирање политички поени. Потврди и дека за пуштањето на модуларната болница во употреба биле исполнети сите законски предуслови. За такви објекти, истакна, се прави примопредавање, не се дава употребна дозвола.
-Се случи страшна трагедија, огромна загуба. Оставките се поднесени од морални причини, а одговорноста кај Владата и Министерството за здравство е голема. Сакам да ги знам деталите од истрагата, да ги слушнеме точните причини – од што настанал пожарот, дали имало слабости и кој е одговорен, за да ја донесам одлуката, рече Заев.
Тој напомена и дека во услови на пандемија, Филипче и неговиот заменик сработиле многу и исклучително сериозно, се соочиле со сите предизвици, а пандемија уште има и ќе има поради што, мора да се внимава многу на одлуките.
-Како што реков, ќе ги почекам анализите и деталите за да ја донесам конечната одлука, но тоа е само еден инпут во одлуката, тука е и другата одговорност – континуитетот, зашто допрва ќе имаме сериозни предизвици. Јас сум премиер и како Влада е многу важно какво одлуки носиме зашто сме одговорни за системот, граѓаните и државата, рече Заев.
Откако Мицкоски во текот на дуелот го обвини за трагедијата наведувајќи дека модуларната болница била пуштена во употреба без соодветен документ и посочувајќи дека не е потребна само морална, туку и кривична, како и политичка одговорност, Заев возврати дека тоа се лаги искажани исклучиво за политичко профитерство.
Желбата за власт да го прави човек толку политички профитер ви личи само вам. Вие сте и истражител и судија и обвинител, му рече Заев на Мицкоски.
-Буквално од ракав „тропате“ работи кои се далеку од секоја можна вистина. Модуларните болници се направени како во сите земји, спроведена е постапката согласно закон, а ние не треба да коментираме делови од истрагата. Се е според закон, испочитувани се сите прописи. Толку да бидете политички ориентиран за пуста желба за власт и за политичко профитерство да ја злоупотребувате оваа трагедија ви личи само вам. Да се злоупотртебува за политички цели оваа страшна трагедија е проѕирно и тоа граѓаните го гледаат. Сите жалиме, но прашањето е како се поставувате како одговорен човек. Одговорноста кај мене е поголема зашто сум премиер. Поставивме модуларни контејнери претходно сработени во фабрики и за такви објекти се прави примопредавање, не се дава употребна дозвола. Објектите се поставени за да не ни се случи италијанското сценарио, како што е и секаде во светот. Злоупотребата на оваа трагедија за политички цели народот ја препознава, истакна Заев, обраќајки му се на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
За трагедијата, подвлече, ќе бидат дадени одговори на сите можни прашања. – Банално е дали некој може да го замени Заев во СДСМ, за тоа реков дека е банално зашто никој не е незаменлив па ни Заев, објасни Заев.
Мицковски возврати дека , ако некој во Владата и малку има грижа на совест, тогаш не само што нема да размислува, туку веднаш ќе ги прифати оставките и тоа е првата работа што треба да ја направи.Не е банална работа оставката, таму згаснаа 14 животи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Сега сме до авганистанското сценарио и не само што треба да ги прифатите оставките на Филипче и неговиот заменик, туку да размислите и за ваша оставка, му рече Мицкоски на Заев.
-Вие сте станале истражител, ги коментирате сите детали и од ракав „тропате“ работи кои се далеку од секоја можна вистина. Но, не е мое, ниту на нас политичарите да коментираме делови од истрагата. Помина времето кога бевте и извршители и судии и обвинители, му реплицираше премиерот.
Ова трет дуел на лидерите на двете најголеми партии, Заев и Мицкоски.