Заев: Државата прогресира, а Мицкоски протестира заради фотелјата


Премиерот Зоран Заев вели дека не гледа „здрава логика“ да се протестира за покачување на струјата. Според него, струјата сега е поевтина во споредба со 2017 година.
Во интервјуто на МТВ Заев рече дека просечната сметка за струјата во 2006 година била 822 денари, а во 2017 1.635 денари, односно зголемана за 100 проценти. Премиерот вели дека со воведувањето на евтината тарифа на струјата, сметката се намалила на 1.309 денари, односно паднала за 326 денари. Според неговото објаснување  и со сегашното покачување е 228 денари струјата е поевтина од 2017 година.
„Државата прогресира Мицкоски протестира, за што – да си ја задржи фотелјата“, рече Заев и нагласи дека било чесно да се дадат 100 дена на владата, а не да се протестира по петиот, шестиот ден.