Заев дојде на самитот во Брдо


Премиерот Зоран Заев штотуку дојде на самитот  во Брдо, каде што него и лидерите ги дочека поплава од дожд. Некоја минута пред него пристигна и францускиот претседател Емануел Макрон, што треба да значи дека завршил нивниот состанок со германската канцеларка Ангела Меркел и бугарскиот лидер Румен Радев.

Засега нема информации за резултатите од средбата, која по примерот на историската средба меѓу Алексис Ципрас и Заев во Софија,  може да им донесе еден успех на лидерите на ЕУ со кој ќе го прогласат самитот на ниски очекувања, сепак, за успешен. Очекувањата, сепак, се дека таква реприза нема да се случи. 

Друга тема е кој се ја преставува ЕУ во моментов  каде што земјите кандидати од Западниот Балкан се недостојни за влез во членство. Освен Виктор Орбан, познат по притисокот врз судството и невладеење на правото, дојде и чешкиот премиер Андреј  Бабиш, кој е вест број еден по објавата на „Пандорините документи“, кои покажаа дека тајно си купил приватен дворец во Франција.