Заеднички концерт на Бајага и Владо Јаневски на 14 февруари во „Борис Трајковски“


Во време на годината кога сме опкружени со некои „чудни“ и уште почудно ,,спектакуларни” концерти, задоволство ни е да Ви го најавиме првиот проект на Авалон за 2026.

За еден поинаков Св. Валентин и Св. Трипун;

Заедно на ЕДНА СЦЕНА, и само ЕДНА ВЕЧЕР, двајцата реално најголеми хитмејкери БАЈАГА и ВЛАДО ЈАНЕВСКИ со голем заеднички концерт на 14 ФЕВРУАРИ ВО АРЕНА БОРИС ТРАЈКОВСКИ!

Повеќе од 4 часа – само хитови!

Би сакале да нагласиме дека и Бајага и Владо веднаш ја прифатија оваа идеја, со големо задоволство и почит за другиот и неговиот лик и дело.

Вечерта ќе ја отвори Владо Јаневски со целовечерен настап со својот фантастичен бенд, а потоа продолжуваат Бајага и Инструктори исто со целовечерен концерт!

Деталите околу влезниците ќе бидат објавени утре (вторник – 2 декември) во 19 часот на нашите платформи, а во продажба ќе бидат од среда (3 декември) во 10 часот наутро онлајн нa avalonbooking.mk и продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.