Заедничка изложба на македонски и бугарски уметници во Софија


Бугарија– Во галеријата „Мисија“ на Државниот културен институт, (ДКИ) бугарското Министерство за надворешни работи ја отвори колекционерска изложба „Културна дипломатија – балкански дијалог“. На него учествуваат седум бугарски уметници, Светлин Русев, Станислав Памукчиев, Ивајло Мирчев, Љубен Генов, Димитар Чолаков, Милко Божков и Роман Кисов и седум уметници од Република Северна Македонија: Владимир Георгиевски, Павле Кузманоски, Димитар Малиданов, Јанета Гелев. Петар Попчев, Никола Иванов – Балтон и Решат Амети, соопштија од тимот на ДКИ.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информациии професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Куратор на изложбата беше колекционерот од Скопје Климе Коробар, а организатори се Државниот културен институт при МНР, Културното друштво „Добредојде“, Културното друштво ИКОН, Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје и Културно-информативниот центар – Скопје.

Медиумски партнер е Бугарската телеграфска агенција.

Изложбата ја отвори бугарскиот заменик-министер за надворешни работи Васил Георгиев, кој им се заблагодари на организаторите и гостите од Северна Македонија, велејќи дека ваквите проекти на дело покажуваат како уметноста и културата нè поврзуваат и водат до плоден креативен дијалог.

Директорката на ДКИ, Снежана Јовева во своето обраќање ја истакна важноста на ваквите проекти кои стануваат мост меѓу културите и народите, а уште повеќе што настанот се случува во пресрет и по повод 21 мај – Светскиот ден на културна различност за дијалог и развој на УНЕСКО.

Сашко Насев, директор на КИЦ на Република Северна Македонија во Софија изрази задоволство за заедничката изложба на бугарските и македонските уметници во „заеднички балкански дијалог“. Тој ги поздрави и специјалните гости – уметници Жанета Гелевска – Велјановска, уметник од Лондон и Роман Кисов.

На настанот присуствуваа дипломати, уметници, колекционери, меѓу кои и привремениот шеф на Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија Владимир Крастевски, проф. Аксинија Ѓурова, кустос и ликовен критичар, Слава Иванова, извршен директор на НДФ „Бугарија на 13 век“, Тања Казанџива , советник на министерката за надворешни работи, Милена Димитрова, експерт од тимот на потпретседателката Илијана Јотова, Мартина Стефанова, уметнички менаџер и партнер на ДКИ, дипломати од МНР, Министерството за култура и други.

Настанот е дел од годишната програма на Државниот културен институт при Министерството за надворешни работи „Балкански дијалози“, кој привлекува и промовира проекти кои го илустрираат балканскиот дијалог на дело во областа на ликовната уметност, киното, литературата и друго.

Изложбата може да се погледне од 18 мај до 10 јуни во галеријата „Мисија“.