За Вреди барањето оставка од Гаши е анти НАТО експеримент, ВМРО-ДПМНЕ глуми правна држава
Интерпелациијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, за коалицијата Вреди е анти-НАТО експеримент.Според нив, по аеродромскиот инцидент координирано се креирала хистерија во јавноста и се бара политичка одговорност.
„Левица е подносител на интерпелација, СДСМ е подржувач, а ДУИ бара алиби за јавно да влезе во ова друштво и од страничен подбуцнувач да ја преземе улогата на политички координатор. Што е целта? Сигурно не е одбрана на дипломатските односи со Косово, ниту Охридскиот Рамковен договор, туку целта е да се предизвика политички земјотрес. Зошто? За да се стави на тест владиното мнозинство и некој да провери дали опозицијата може да најде заеднички интерес да делува здружено“, велат од Вреди.
Партијата понатаму зборува и за бранење на честа н албанскот народ, но и одбрана на стратешкото партнерство со САД и ЕУ.
Левица ја поднесе интерпелацијата по инцидентот на аеродромот, кога Гаши го испрати своето обезбедување кое делувало во одбрана на косовската претседателка, Вјоса Османи, додека таа не сакала да помине низ безбедносна проверка на комерцијален лет. МВР поднесе кривична пријава против лицето кое по пристугнувањето на аеродромот репетирало пиштол, се заканувало, турнало полициски службеник и викало, барајќи Османи да биде спроведена со возило до авионот без да биде проверувана. Гаши подоцна рече дека го испратил обезбедувањето за да ја смири ситуацијата.
Министерот Панче Тошкоски потврди дека одговорност од Гаши за инцидентот нема да се бара, практично сведувајќи ја вината на тие што ја извршуваа наредбата на спикерот. Тој во интерцвју синоќа рече дека кривично правна одговорност кај претседателот на Собранието, Африм Гаши, не е утврдена согласно доставените докази.
– Согласно внатрешните правила и процедури на МВР, полицискиот службеник немал право да го напушти вип објектот кој што го обезбедувал и не е негова одлуката, ниту пак надлежност да смирува, или да разгорува, или да прави што било што не е поврзано со описот на неговите работни задачи. Одговорност во однос на целиот кривично правен настан е на полицискиот службеник, изјави министерот во вечерашното гостување на Канал 5 Телевизија.
Ова е прво карикатурално глумење на правна држава што од вчера се релативизира од ботовите на владеечките партии на социјалните мрежи, со обвинувања кон СДСМ, Левица и ДУИ зошто побараа одговорност за фактот дека Гаши излезѐод ингеренциите што ги има како да е обезбедувањето негова приватна армија, а државата исто така приватна. Пред да дојдат на власт истите овие партии тврдеа дека СДСМ вазалски се однесува кон ДУИ бидејќи не ги гони за нерегуларностите и злоупотребите, а веќе еден месец откако се на функција – истото се случува и со ВМРО-ДПМНЕ.