За ВМРО-ДПМНЕ добиената пратка со вакцини е „капка во морето“
Откако со недели критикуваше дека нема вакцини, сега кога дојдоа, ВМРО-ДПМНЕ оак има тема за реакции. Овојпат, тврдат тие, добиените вакцини биле капка во морето.
„Пратката вакцини е капка во морето, додека дојдат поради Филипче и Заев дневно се закопуваат по 40 лица.Секој ден има четирицифрени бројки на заразени.И не само што нема вакцини, нема ни медикаменти, граѓаните молат кај стигнат за терапија, ама за тоа Филипче не се интересира.
Сето ова што се случува, немањето вакцини, заминувањето во соседна држава за вакцинирање, фактот што Македонија е на дно на листите по процент на вакцинирано население, а е високо на листата на починати од корона на милион жители, е пораз на Филипче и Заев.Оттука тоа што за денес има пратка на вакцини не значи ништо. Никој ништо не очекува веќе од Заев и Филипче“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.