За пет часа 136 санкции за пребрзо возење на подрачјето на СВР Тетово


Фото: Б. Грданоски

Во периодот од 10 до 15 часот на територијата на СВР Тетово спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната, при што се санкционирани 136 возачи. Од нив, 93 на територија на Тетово, а 43 на територија на Гостивар.

-Од овие 136 казнети возачи, 50 возеле со брзина за повеќе од 50 километри на час над дозволеното, а дури 10 со над 70 километри на час над дозволеното. СВР Тетово апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Најави дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.