За гаснење на Tesla Model S пожарникари потрошиле 45.425 литри вода


Откако во Пенсилванија на автопат се запалил електричен Tesla Model S, пожарникарите морале да употребат огромна количина вода за да го изгаснат пожарот.

Инцидентот се случил во централна Пенсилванија откако долниот дел на автомобилот удрил во нешто на автопатот. Откако се појавил чад, возачот го запрел возилото и со другите двајца патници од автомобилот излегол на безбедно.

Автомобилот потоа се запалил, а кога стигнале противпожарните возила употребиле 15.141 литри вода. Но, тоа не било доволно за гаснење на пожарот, па во помош дошле уште три единици.

Пожарот конечно бил изгаснат, а биле потрошени 45.425 литри вода.

„Поради литиум-јонските батерии беше потребнo повеќе вода, пожарот се повторуваше неколку пати. Екипите работеа скоро два часа, но батеријата држеше висока температура“, стои во соопштението на пожарникарите.