За Антонијо Милошоски Македонија се протега до Турција
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен шеф на дипломатијата, Антонијо Милошоски, денес во расправата за техничката влада излезе од контекстот па, зборувајќи за тоа колку е лоша власта, зборуваше за несреќата со „Беса Транс“. Она што беше ново беше изјавата на Милошоски дека додеја власта спиела „Беса Транс“ ја поминала стопати македонско-бугарската и „македонско-турската граница!“
Каде ја виде Милошоски македонско-турската граница не објасни, но никогаш досега во ниту една изјава Македонија не се протегала толку далеку, вклучувајќи практично делови од Бугарија како наша територија.