За 24 часа регистрирани 361 прекршок за неносење заштитна маска
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, полицијата регистрирала 361 прекршок за неносење лична заштита на лице.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид – 19.