Вучиќ повика на оставки поради несреќата на железничката станица во Нови Сад
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека луѓето се загрижени за несреќата во која загинаа 14 лица на Железничката станица во Нови Сад и дека бараат одговорност и побара од членовите на Владата на Србија да покажат одговорност, наведувајќи дека мора да го покажат тоа и да направат разлика, пренесе Бета.
„Знам дека некои луѓе намерно не поднесоа оставка, или не им беше дозволено да поднесат оставка пред тој митинг (протест во Нови Сад) за да не се каже дека тоа е направено под притисок на некој друг. Сега е вашата шанса, покажете морална и политичка одговорност“, изјави Вучиќ за РТС од Баку.
Тој побара од обвинителите да продолжат да работат напорно за утврдување кривична одговорност, додавајќи дека знае колку е комплициран тој случај.
„Мораме да покажеме… не само грижа за семејствата на жртвите, туку и дека сме одговорно општество и дека ќе знаеме како кривично да ги казниме виновниците, а политичката и моралната одговорност мора да биде на повисоко ниво токму за да се направи разлика меѓу неодговорните и оние кои мислат дека можат да добијат нешто со изма“, рече Вучиќ.