Врховниот суд одлучи: Синот на Северина се враќа кај таткото


Северина на настапот во Котор, Нова година, 2024

Загреб – Северина и Милан повеќе нема да го делат старателството, како што беше одлучено во 2021 година на Жупанискиот суд во Сплит, старателството му е вратено на таткото, а оваа одлука на Врховниот суд стапува во сила веднаш, без оглед на евентуалната жалба на Северина.

„Национал“ пишува дека причината е што „Жупанискиот суд во Сплит го прекршил Законот за парнична постапка“. Адвокатката на Северина нема сознанија за наведената одлука на Врховниот суд, па вели дека не може да ја коментира, се вели во соопштението доставено до медиумите.

„Доколку е точно дека е вратено на сослушување заради вештачење, се работи запресуда на Врховниот суд која е во спротивност со правниот став на Уставниот суд изразен во одлуката на Уставниот суд У-III/1568/2014 година. Така Врховниот суд не придонесе за изедначување на судската пракса, туку токму спротивното.Постапи спротивно на уставната и судската пракса“, додава таај.

Проговори и поп-ѕвездата Северина.

„Има да се борам до последна капка крв за моето дете без кое поминав 20 месеци, нема да си игрте со моето дете. Со кое право? Моето дете не е вреќа со компири за тргување.

Едноставно кажано, ова може да значи дека повторно ќе го видам моето дете, кое го родив, го одгледав и школував, кое живее со мене од раѓањето, во вторник и четврток од 16 до 20 часот и секој втор викенд во сабота и недела. Нема повеќе да ме задевате, дури и против желбата на детето. Тој живее и оди на училиште во Загреб, за разлика од неговиот татко. Се срамам од оваа држава што му прават такви работи на дете, што не смеам да зборувам за да не навредам некого.

Ја поминав целата голгота на хрватското судство, а ќе ја поминам и оваа на Врховниот суд, но ја поминав со моето дете. Тука сум небитна. Како што судиите се борат за платите со штрајк, така и јас ќе продолжам да се борам за моето дете кое се изјасни дека сака да живее со мене, за што очигледно никому не му е грижа, особено на некои корумпирани“, изјави Северина која 11 годии се бори за својот син Александар.