Вредноста на „Епл“ го помина прагот од 2 билиони долари
Технолошката компанија „Епл“ (Apple) денеска стана прва американска компанија која котира на берзата со вредност од два билиона долари.
Акциите на „Епл“ денеска пораснаа на 467,77 долари, а од почетокот на годината до денеска пораснаа за околу 60 проценти, а минатата година забележаа раст од 120 проценти.
Американската технолошка компанија за повеќе од две години двојно ја зголеми својата пазарна вредност.