„Вреди“: Отворен Балкан е проект без визија


Коалицијата Вреди се пожали дека ДУИ и остабиле тежок товар и дека успеале да ја тргнат државата од пректот наречен Отворен Балкан. 

Коалицијата ВЛЕН не го донесе Отворениот Балкан, туку го затекна, како тежок товар што ДУИ нон грата го остави за државата и граѓаните.

-Овој проект никогаш не бил во интерес на Албанците, Северна Македонија или регионот, туку план подготвен од Али Ахмети и Артан Груби за мрачни цели кои само тие ги знаат! Коалицијата ВЛЕН е јасна уште од првиот ден: Отворен Балкан е проект без визија, или со визија што им служи на Вучиќ и Вулин и на тесните интереси на ДУИ, на штета на Албанците, особено на Косово.

Благодарение на нашите неуморни напори, не само што ја ограничивме штетата на овој проект, туку пополека ја отстрануваме нашата држава од овој проект што го донесоа Али Ахмети и Артан Груби. Ја потсетуваме ДУИ дека Бујар Османи и Артан Груби почесто се среќавале со Вучиќ и Дачиќ отколку со Албин Курти. Целото наше внимание како владина коалиција ќе биде насочено кон Берлинскиот процес, соопштија од Вреди.