„Вреди“ бара од Минчев да направи список на институции во кои нема пристап за Албанците


 

Кадрите на ЗНАМ имаат погрешна проценка дека ќе го создаваат својот политички идентитет на антиaлбанска доктрина. Брзо ќе дојдат локалните избори каде повторно ќе им текне дека без Албанците нема победа во Куманово, реагираа од „Вреди“ на изјавите на министерот Горан Минчев кој најави „ремонт“ на „балансерот“ и внесување само на резидентното население во Македонија како мерило за правична застапеност.

„Очекувавме дека министерот Минчев ќе ги поништи сите огласи според ‘балансерот’ во кои Македонци се определуваа како Албанци за да се вработат во јавната администрација. Токму тоа е злоупотреба на ‘балансерот’ кое неговото Министерство не смее да ги премолчува. Истовремено, порационално е (Максим) Димитриевски и Минчев да направат список на државни институции во кои сѐ уште нема пристап за Албанците. Намалувањето на процентите на Албанците е предизборен фолклор и аргумент плус зошто е неопходно да се укине ‘балансерот’ и да се донесе Закон за правична застапеност. Со таков пристап ќе се елиминира некои политичари како Димитриевски и Минчев да одлучуваат колку и какви Албанци ќе се вработуваат во јавната администрација“, порачаа од „Вреди“.